Лицитација во црква во Ново Село: Верник го купи крстот за 95.000 денари

„Телевизијата М Нет“ објави видео на кое може да се забележи како се води лицитација во црква во штипско Ново Село.

Попот го понуди светиот крст на лицитација, чија крајната цена стигна 95.000 денари.

Парите од продажбата на крстот ќе бидат потрошени за сметките за струја, но и за други дополнителни трошоци, кажа попот.