Лични карти може да се подигнат и на денот на гласањето

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање лични карти.

Службата ќе работи во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните, кои претходно поднеле барање, да си ги подигнат личните карти и да може да го остварат правото на глас.