Лиценца за тезга 60 евра: Продавачите на текстил и обувки остануваат на зелените пазари

Министерството за економија ги демантираше информациите дека на почетокот од 2019, во рамки на новиот закон за трговија, нема да се продава конфекција на тезгите од зелените пазари.

Сите други акти, како што се обезбедувањето на лиценците, неможноста продавачи да бидат пензионери и вработени на друго место, како и тоа дека може едно лице да закупи само една тезга, остануваат на сила од 1 јануари.

Иако со новиот Закон за трговија на зелени пазари, паразџиите ќе го остварат правото на пензија, плаќањето лиценци за тезгите од 60, односно 40 евра на годишно ниво, е неприфатливо за нив. Велат дека Законот е правен без чувство за една од најранливите категории граѓани, дека ќе ги остави без профит кој и онака тешко го остваруваат во зимските месеци и дека тоа е насока за затворање на пазарите.