Лице од Скопје се обиде да криумчари со мигранти

Вчера, на патот Гевгелија - с.Богородица, на место викано „Поново мовче“, приведено е едно лице на возраст од 47 години, од Скопје. Според информациите од МВР, во неговиот автомобил „фиат линеа“, влегле 4 лица.

„При обид да биде извршена контрола на возилото, три од лицата се дале во бегство, нo набргу биле фатени, при што било констатирано дека се од Пакистан, како и лицето што било пронајдено во возилото“, се наведува во извештајот на МВР.

С.А., односно возачот, бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.