Лице од Бангладеш заглавило во работна машина за бетон, починало на самото место

Вчера во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, 35-годишниот А.Р. од Багладеш заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

„Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.