Лице барано со Интерпол уапсено на еден македонски граничен премин

Лице барано со Интерпол уапсен е на „Долно Блаце“. 

-На 16.05.2022 во 00.45 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ш.(35) од Република Албанија затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол – Шведска. Лицето е предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка, се наведува во полицискиот билтен.