Левица: На обвинителна клупа да се најдат сите инволвирани во случајот со Онкологија

- Се повторува праксата најслабите кои биле инволвирани во криминалите да бидат единствените кои понесуваат одговорност за целиот случај! Во случајот со крадењето на лекови од онкологија, деновиве е актуелно судењето на фармацевтскиот техничар во болничката аптека на Клиниката за Онкологија по основ на земање мито за издавање на терапија, порачаа денеска од Левица преку соопштение. 

Спрегата помеѓу криминалот, политиката и обвинителството никогаш не била појасна! Секоја откриена информација за случувањата на Онкологија заслужува внимание на ОЈО, па така и оваа за фармацевтскиот техничар. Сепак не е доволно. Според информациите кои пристигнуваат секојдневно, еден голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите. Во последните две недели Обвинителството не излезе со јасни обвиненија за сите за кои до сега се прибрани докази кои укажуваат дека биле дел од криминалната мрежа! - велат оттаму. 

Пд Левица нагласија дека пациентите сакаат одговорност, блиските на жртвите бараат правдата да ги стави позади решетки тие кои уништиле стотици животи, со што пак идните генерации би биле особено внимателни за последиците од неморални и непрофесионални медицински постапки!“