Летото е идеален период за крадците - се апелира до граѓаните да ги заштитат своите домови за време на годишните одмори

Се апелира до граѓаните да го заштитат своите домови од кражби за време на годишните одмори, бидејќи се зачестени кражбите во овој период од годината.

Сите врати и прозорци да бидат добро затворени, да не се дозволува непознато лице да влезе во вашиот дом, да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително, да се негуваат добрососедски односи, да се чуваат вредните предмети на сигурно место, да не се кажува дека не сте дома, да се организира редовна советодавна група на граѓани за да го заштитат соседството, станот или куќата да бидат добро осветлени, надворешната врата да не се остава отклучена, да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери  и да не се објавува отсуството од дома на социјалните мрежи.