Летните одмори сезонава поскапи за 20-30%

Летните одмори сеознава ќе ве чинат околу 20 – 30% поскапо, зависно од дестинацијата за која ќе се одлучите и стилот на одмор.

По корона пандемијата и тековната воената состојба на Истокот од Европа, ценовниот шок со кој се соочува светот несомнено ќе се одрази и на цената на годишниот одмор, а и од туристичките агенции потврдуваат дека цената на аранжманите е поскапена.

Оние кои планираат да заминат на море, без оглед дали ќе патуваат преку туристичка агенција или во сопствена орагизација, ќе се соочат со поскапувања.

Поскапите горива ги поскапеа и авио-билетите. Доколку патувате со автомобил или автобус, секако ќе имате зголемен трошок за патување.

Од туристичките агенции велат дека голем е интересот за Албанија, Турција и Египет.

За во Албанија сезонава поскапувањата на услугите за сместување, храна, забава и слично, се очекува да бидат до 20%.

И понудите за Турција и Египед, во екот на летната сезона, се поскапени во однос на минатата година.

Во Будва, поскапо ќе поминете за 10-30%.

Во Грција, на повеќето плажи, од сезонава, ќе имате и дополнителен трошок , за wi-fi мрежа за Интернет.