Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Не сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика, велат од МНТ. 

Следните настани се исто така концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се:

24.9 - „Пијан Славеј“, 25.9 - „Кец на десетка“, 26.9 - „Не се клади на Енглези“, 27.9 - „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 - „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ - Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1.10 и свеченото затворање на летната сцена го заокружуваме на 2.10 со култниот рок бенд „Архангел” -  Македонски подобро звучи Едиција 4. 

Сите настани се со почеток во 21:00 часот, а билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.