Летната сцена на МКЦ се распаѓа(ФОТО)

Металната конструкција и пропратните елементи на летната сцена пред Младинскиот Културен Центар е во фаза на распаѓање. Монтирана, но никогаш не употребена летната сцена на МКЦ, сведочи за негрижата на надлежните. 

Надлежноста за одржување на конструкцијата ја има самиот културен центар, на кого очигледно не му е потребна. Лоцирана на самиот кеј на реката Вардар ги потсетува минувачите дека некогаш на неа било предвидено да се играат театарски или танцови претстави, а денес ја нагрдува сликата за градот.
Целата среќа е што не се наоѓа на некое многу фреквентно туристичко место.