Летна супа со спанаќ и гриз

Супата со спанаќ и гриз можете да ја јадете и топла и ладна, со парче препечен леб, со рендан пармезан или со маслиново масло.

Подготовката е многу лесна и се одвива на следниот начин:

4 лажици гриз
100 гр свеж спанаќ
Едно јајце
Зачински тревки
Еден црвен кромид
700 мл вода
2 лажици масло

Подготовка:

Исецканиот кромид издинстајте го на маслото. Додадете го гризот, јајцето и сецканиот спанаќ. Оставете кратко да се издинста, додадете вода, па откако ќе зоврие изблендирајте. 

По желба можете да додадете и лажица кисела павлака. 

Совет: Не правете поголема количина, бидејќи спанаќот оксидира, а јајцето лесно може да се расипе. Обидете се направената количина да ја употребите во текот на еден оброк.