Летна лења - пита со кајсии

Oваа брза и едноставна лења-пита ќе го освои срцето на целото семејство, ова лето.

Потребни состојки:

3 јајца

1 чаша шеќер

1 чаша масло

2 чаши брашно

1 чаша јогурт

1 прашок за пециво

1 кг. кајсии (измиени и исецкани)

2-3 лажици гриз

шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

Кајсиите ставете ги во тенџере со малку вода за да омекнат, а потоа додајте го гризот и малку шеќер. Изматете ги јајцата со шеќер, масло, брашно, прашокот за пециво и јогуртот. Матете додека не добиете хомогена смеса.

Две третини од смесата ставете во тавче и печете додека не фати кора. Потоа, извадете од рерната и прекријте го тестото со кајсиите (исцедени), и додадете го остатокот од смесата за печење. Печете околу 30-40  минути. Извадете ја од рерната и посипете со шеќер во прав кога малку ќе се олади.

nike air max 1 sale