Летен здрав пијалок кој ќе ви ја подмлади кожата

Некои нутриционисти го нарекуваат „ботокс во чаша“.

Photo by Vedrana Filipović on Unsplash

Овој пијалок за многу кратко време стана вирален хит бидејќи голем број жени потврдија дека по редовното консумирање забележале дека кожата им е поубава и посјајна. Други пак, посочуваат и дека тој им помогнал да ги намалат килограмите.

Сигурни сме дека веќе знаете дека она што го внесувате во вашето тело е многу важно за убав и свеж тен и спречување на брчките.

Потребни состојки:

2 излупени портокали

4 до 6 моркови

3 цм исечен ѓумбир

1/3 чаша вода

Ако сакате да ги намалите килограмите, можете да додадете и луто црвено пиперче, кое ќе го забрза метаболизмот.

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во соковник, па процедете ја течноста. Се консумира еднаш дневно, идеално пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“.

Ако комбинацијата ви е јака, најдобро е да започнете три пати неделно, па постепено да зголемувате и за еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото.