Летниот период е најдобар за чистење на нашето тело.
Ова е период кој ни нуди свежо овошје и зеленчук, а и кога температурите се високи па на нашето тело не му е потребно многу храна. Притоа, овој план на исхрана кој е препорачан од др. Оз целосно го чисти телото од наталожените токсини, го чисти црниот дроб и ги чисти цревата.
Ова е начин на исхрана која можете да ја практикувате секогаш кога се чувствувате уморно. Освен тоа што ја враќа енергијата и го чисти телото, овој план помага и за намалување на килограмите, со што во период од 5 дена можете да изгубите и до 4 килограми.
Сепак, важно е во овие денови да се откажете од брашно, млечни производи, шеќер и алкохол. Најважно е конзумирањето на пијалокот наутро наместо појадок.
Потребни состојки:
Неколку листови спанаќ
Магдонос
1 лимон
1 зелено јаболко
½ краставица
Измешајте ги сите состојки во блендер и пијте го ова смуди секое утро наместо појадок.