Летен хороскоп: Јарец, Водолија и Риби

Што ни носи астро-прогнозата за Јарците, Водолиите и Рибите за ова лето?

Јарец

Љубов

Ова лето, љубовта ви носи дополнителен товар. Можни се проблеми во оние односи кои не се изградени на цврсти темели и каде досега имаше проблеми. Многу Јарци ова лето ќе се разидат со своите партнери, едноставно ќе тргнете на различни патишта. Ве очекуваат многу препирања бидејќи ќе мислите дека само вашиот став е исправен. 

Можно е да се чувствувате осамено, но тоа ќе биде лекција која ќе ве потсети дека треба прво да се грижите за себе и да ги средите своите мисли, а потоа да се фокусирате на тоа да бидете со друга личност. Крајот на септември ви носи запознавање со интересна личност која ќе ви ја врати вербата во љубовта. 

Работа

Ако барате нова работа, ве очекува голема поддршка од Јупитер на ова поле. Во текот на летото, пробајте да ја средите својата биографија и да им покажете на работодавците што умеете. Доаѓа позитивна енергија на ова поле и добро би било да ја искористите. Во текот на август, бидете претпазливи во какви проекти се вложувате.

Здравје

Внимавајте на килограмите и потрудете се да се ослободите од негативните навики. Летото е одличен период за таквите промени.

Водолија

Љубов

Ако сте долго осамени, ова лето може да ви ја донесе љубовта од соништата, особено до 4 август. Венера ви носи и нови пријателства, возбудливи средби и љубовен занес. Многу двојки ќе успеат да ги исчистат своите врски од негативната енергија и ќе успеат да продолжат напред со ново ниво на зрелост во љубовта. 

Транзитот на Марс ви носи и засилена еротска енергија, како и голем шарм и сензуалност. Летото може да донесе многу нови прилики за сите Водолии, затоа добро размислете за своите желби.

Работа

Планетата Уран целосно ќе го смени вашиот професионален живот – имате можност да направите големи позитивни промени на полето на кариерата. Ќе имате среќа во многу проекти, како и сјајни можности кои ќе ви ја насочат кариерата кон нешто подобро. Ако ги прифатите промените кои ги диктира Уран, може да очекувате значаен напредок и на полето на работата, но и во однос на финансиите. Бидете отворени за промени.

Здравје

Јупитер е планета на оптимизам, добра енергија и исцелување, па во текот на летниот период ќе успеете да смените многу навики, да се насочите кон физичка активност и ментален одмор. Прошетките би ви дошле добро.

Риби

Љубов

Венера не ви носи добри вести на ова поле. Ќе имате проблеми во комуникацијата и полека ќе го губите чувството дека сте нашле вистински партнер за себе. Ако сте во врска, пробајте да најдете компромис и да ја согледате позитивната страна. 

Доаѓаат тешкотии и за осамените Риби. Ќе копнеете кон вистинска и силна љубов, но доаѓаат многу разочарувања ова лето. Сепак, добрите промени се пред вас на крајот на август. Слободните срца тогаш би можеле да запознаат интересни луѓе кои се вистински за нив. 

Работа

Ве очекува сјајен успех со работи кои сте ги отпочнале оваа пролет. Конечно доаѓаат плодовите од вашата работа, а тоа ви носи и одлични финансиски можности. Ќе имате можност да вложите пари, а овој период ќе биде и идеален за купување и продавање недвижности, особено во текот на септември. Ве очекува сјајна соработка.

Здравје

Важно е да водите сметка за исхраната, бидејќи постои можност од покачување на килограмите. Тоа може да влијае и на вашата самодоверба.