Летен џин со смокви 

Ова е еден одличен пијалок во кој можете да уживате во текот на летото.

Потребни состојки:

3 смокви

половина цеден лимон

1 мала лажица мед

1 шолја за кафе џин

минерална вода

мраз (по можност, кршен)

неколку ливчиња лаванда (незадолжително)

  1. Ставете ги ливчињата лаванда во шејкер, а потоа додадете го цедениот лимон и медот. 
  2. Додадете го џинот.
  3. Исечете ги смоквите на половина и додадете ги во шејкерот. 
  4. Дополнете го со кршениот мраз и на крајот додадете ја минералната вода. 
  5. Сервирајте во чаши по ваш избор.