Летен десерт со кајсии

Искористете ги кајсиите за превкусен десерт. Сите ќе ви бараат рецепт.

Состојки:

400 гр брашно
150 мл топло млеко
Кесичка сув квасец
Лажица шеќер
Прстофат сол
100 гр путер
Лажичка нишесте
Еден ванилин шеќер
Мед
Кајсии

Подготовка:

Ставете го квасецот со топлото млеко, шеќерот и солта да стаса. Со брашното замесете тесто, во кое ќе го додадете стопениот путер. 

Тестото ставете го во подмачкана тава, посипана со густин. Ставете од густинот и врз питата. Половинки од кајсии наредете ги одозгора и нежно притиснете да пропаднат внатре. Прелијте со мед. 

Печете на 180 степени, 25 минути.