Летен десерт без печење - готов за 15 минути

Одличен за топлите летни денови кога навистина сакате да се изладите со нешто благо, кое сепак не е сладолед и не содржи преголема количина на шеќер.

Со помош на овој лесен и едноставен рецепт ќе научите како сами дома да го направите највкусното тирамису кое некогаш сте го пробале.  

Потребни состојки:

250g сирење маскарпоне

3 јајца

60g шеќер

кафе (по желба во кафето може да се додаде рум, амарето или некој друг алкохол)

плазма бисквити

какао

Подготовка:

Најпрво подгответе го кафето и додадете му шеќер по желба.

Изматате ги убаво жолчките со шеќерот и потоа додадете го маскарпоне сирењето и продолжете да мешате.

Во друг сад убаво изматете ги белките додека не добиете густа смеса.

Додадете ги изматените белки во садот со жолчките и мешајте одозгора-надолу.

Земете чаши за послужување и ставете малку од добиениот крем, потоа натопете ги плазма бисквитите во подготвеното кафе и ставете ги над кремот. Повторете ја постапката според големината на чашата и според тоа колку слоја саката да имате. На крајот наросете со какао.

Ставете ги чашите во фрижидер најмалку 3 часа и потоа се подготвени за послужување.