„Летаат“ казни за неносење маски

Секојдневно се казнуваат и по стотици граѓани кои не носат маска, како заштитна мерка против ширење на коронавирусот, но оваа навика, очигледно, е тешко надминлива и покрај секојдневните апели за почитување на мерките.

По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 428 прекршоци во текот на изминатото деноноќие  на територијата на Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.