Лесно се земаат, тешко се враќаат - расте бројот на потрошувачки кредити

Во вториот квартал од годинава, според усвоениот извештај на Народна банка на Република Македонија, кварталниот раст на нефункционалните кредити изнесуваше 2,1% и беше повеќе присутен во корпоративното кредитно портфолио на банките. 

Кварталниот раст на нефункционалните кредити на домаќинствата се забрза до нивото од 3%, за што најголем придонес дадоа потрошувачките кредити одобрени на подолги рокови, односно оние на кои не им се исплатила рата повеќе од 90 дена.

Поради солидниот раст на кредитната активност на банките, учеството на нефункционалните во вкупните кредити во второто тримесечје од годината не се промени во однос на претходниот квартал и изнесува 5,1%.