Лесно направете најкремаст бешамел сос

Успева секој пат , еве како да направите најкремаст бешамел сос:

Основниот однос за совршен бешамел сос е 70 гр путер, маргарин или кокосово масло, со 70 гр брашно, 250 мл млеко или помалку ако сакате погуста смеса.

Овој бел, француски прелив ќе го направите многу едноставно:

Многумина грешат во тоа што пред подготовката не го загреваат млекото, а во тоа е и тајната на големите кувари. Поради тоа, загрејте го млекото во микробранова или на шпорет пред да започнете со подготовка.

Сосот со самото тоа ќе згусне побрзо и порамномерно.

Прво растопете путер, па полека додајте брашно, со постојано мешање. Загревајте го брашното и путерот заедно додека не набабри, потоа додајте млеко и гответе додека не згусне.