Лесно може да се најдат работници, само треба да се зголемат платите, вели професор Савески

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека во Македонија постои недостиг на работна сила, односно на државава ѝ недостигаат околу 10.000 работници.

Меѓутоа, ако се погледне статистиката на Заводот за вработување на Република Македонија, има 107.588 „активни“ и 46.000 „пасивни“ баратели на работа, но дел од нив очигледно не сакаат да работат поради ниските плати.

Професорот и активист за социјална правда Здравко Савески во разговор со редакцијата на „Работник“ кажа дека „Ако не ти чини, ете ти ја вратат“, како што се правело пред 30 години, не постои повеќе.

-Нека ја зголемат платата за трудот кој го бараат и ќе си добијат работници. Ова е капитализам. Понудата и побарувачката ја диктираат цената. Ако нема понуда за одредена цена, тогаш може да ја има за поголема, вели Савески за „Работник“.