Лесно и брзо се отвара нова фирма во Македонија

Регистрирањето бизнис во Македонија е за девет пат побрзо во однос на периодот пред 10 години, трошоците се 7 пати пониски. Времето за увоз и за извоз е тројно намалено, а покуса е и постапката за добивање градежна дозвола.

Овие факти на земјава и го донесоа високото десетто место во светот и петто во Европа во извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка.

-Мислам дека Македонија постигна одлични резултати поради намалувањето на бирократските пречки при почнување со бизнис. Глобалниот рејтинг на Македонија е на 4. место од 190 држави во светот. Стопанственик ако ги има сите потребни документи, може да почне бизнис за само два дена, што е одлично, објасни Валентина Салтане од Светската банка.

-Се спроведоа над 30 системски реформи со кои се олесни работата на сите оние кои водат некоја компанија, драстично се намалија административните процедури и времето за спроведување одредени постапки, вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.