Лесно е да бидеш добар кога околу тебе имаш добри луѓе

Лесно е да сакаш некого сѐ додека не ги запознаеш нивните мани.

Лесно е да бидеш добар кога околу тебе имаш добри луѓе.

Лесно е да останеш непотрошен, кога немаш пред тебе високи препреки.

Лесно е да останеш смирен, кога нема бесни „кучиња“ кои ти ги покажуваат забите. 

Лесно е да бидеш цврст верник, кога никогаш не си изгубил близок човек. 

Лесно е да останеш чист кога околу тебе нема кал.

Лесно е да им делиш совети на другите, кога не си, а и никогаш нема ни да бидеш во нивна кожа.

Лесно е да велиш: „Смеј се“, кога животот не ти дал многу поводи за плачење.

Лесно е да леташ, кога никој не те влече надолу.

Сѐ е лесно. Нема предизивци и ти не можеш да знаеш кој си ти навистина и во што би можел да се претвориш.

Кога е лесно, ништо не е валидно и сѐ е само привид.

Те чекам, да те чујам со првата пречка која никнала пред тебе. 

 

  • Јована Кешански