Лесна бела бајадера со лимон и кокос

За сите кои го обожаваат вкусот на кокосот.

Користете чаша/шолја од 250 мл.

Состојки:

125 гр путер
325 гр кондензирано млеко
250 гр мелени бисквити
1,5 шолја (од 250 мл) кокос
2 лажици лимонов сок

1 и 3/4 шолја шеќер во прав
Сок од пола лимон

Подготовка: 

Подгответе ја тавата за печење. Најдобро е да користите димензии 22х13 см. Обложете со хартија за печење. Ако сакате потенок колач, користете поголем плех, а за подебели парчиња, помал. 

Стопете го путерот, измешајте со кондензирано млеко, па додајте кокос, мелени бисквити и сок од лимон. Измешајте добро, па распоредете врз хартијата за печење. Оставете да се излади. Подгответе глазура (ројал ајсинг) од сокот од лимон и шеќерот во прав. Ако е многу густа, разредете со малку вода. 

Прелијте врз смесата со кокос и оставете се добро да се излади.