Лесен ручек во три потези - шампињони во павлака (видео)

Најбрзиот можен оброк, а воедно и највкусен…

 

 

СОСТОЈКИ:

300 гр шампињони

1 главица кромид

2-3 моркови

масло

бибер

3 чешниња лук

200 мл павлака

зачин

сол

магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На масло пропржете ситно сечкан лук и додајте на кругови исечкани моркови. Потоа додајте шампињони исечкани на листови и малку вода, па динстајте околу 20 минути на тивок оган додека целосно не испари.

Додајте зачин, сол, бибер и на крај измешајте павлака.

Исклучете го шпоретот, а потоа додајте сечкан кромид и магдонос.