Лептокарија на 40 степени неподносливо смрди на скапана храна

- Уште не е пладне а Лептокарија смрди на скапано месо, скапан зеленчук, урина и различен друг смет кој ферментира на жешково и труе надалеку - вака го започнува сведочењето жителка на населбата Лептокарија посочувајќи на преполните контејнери околу средното училиште Никола Карев па се долж улицата кон Сити Мол.

Очигледна е потребата од почесто празнење на садовите за отпад околу големите трговски центри и прометните населби со многу жители и бројни институции кои акумулираат фреквенција на луѓе и автомобили.

Жителите на населбата велат дека многубројните кафеани, сендвичари и бурекџилници генерираат многу отпад во текот на денот кој ги полни контејнерите уште во првите работни часови во денот. Останува граѓаните да се снаоѓаат како знаат и умеат или да го чуваат отпадот дома па да го фрлат веднаш по чистењето на контејнерите.

- Комуналците ќе речат дека треба да го почитуваме редот и времето на одлагање на отпад, но, возможно ли е тоа кога десетина контејнери се во функција на неколку илјади станари и стотина други фирми во околината од кои голем дел се за подготвување и служење храна а тоа значи дека прават многу отпад и тоа органски кој брзо скапува и жири неподнослива реа - објаснува Т.А. исто така жител на оваа населба. 

Тие ја повикуваат општината и јавното комунално претпријатие под итно да најдат одржливо решение за овој проблем кој е присутен речиси во секоја поголема населба каде што има трговски центар.