Лепа Брена со голем бесплатен спектакл во Крива Паланка, Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Штип

Општина Крива Паланка најави голем бесплатен музички настан. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи едно од  најголемите музички имиња на Балканот – Лепа Брена.

Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера.

Истата вечер пре публиката че настапи и популарниот пејач Жељко Самарџиќ, како и македонскиот рапер Слаткар.

На 19 септември, пак, Градскиот стадион во Штип ќе биде домаќин на уште една голема музичка вечер во рамки на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада “.

Пред штипјани и гостите ќе настапи Жељко Јоксимовиќ - еден од најпознатите и најпочитувани автори и изведувачи на регионалната музичка сцена.

Со своите безвременски хитови, препознатлив музички израз и концертна енергија која обединува генерации, Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Штип за вечер исполнета со врвна музика, емоции и незаборавна атмосфера, најавија организаторите.