
Август ќе донесе бројни регионални музички ѕвезди во Македонија. Веќе се најавени неколку концерти под отворено небо, а случувањата ова лето се во Охрид, Крива Паланка, Штип...
Веќе следниов викенд, поточно на 1. август во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ настапува мега ѕвездата Лепа Брена, а свој концерт ќе има и миленикот на женската публика Саша Ковачевиќ. Цените на билетите се 1.200 денари.
На 6. август, исто така во македонскиот туристички бисер доаѓа Јелена Томашевиќ, каде цената за билет чини 1.000 денари.
На Градскиот стадион во Крива Паланка, по повод празникот на градот, на 29.август, свој настап ќе има миленичката на македонската публика Цеца Ражнатовиќ, а покрај неа ќе настапи и Мирза Селимовиќ. Добредојдени се сите, а влезот е бесплатен, велат организаторите.
Веќе е потврдено дека балканската ѕвезда Дино Мерлин ќе настапи на овогодинешната Пастрамалијада во Штип на 20-ти септември.