Лења пита со малини

Оваа торта можеби ви е позната од вашите баби.

Ако немате баба која може да ви го пренесе рецептот, продолжете да читате.

Потребни состојки:

5 јајца

300 гр шеќер

200 гр јогурт

170 мл масло

270 гр брашно

1/2 кесичка прашок за пециво

400-500 гр малини

малку шеќер во прав за посипување на колачот

ванилин шеќер

Подготовка:

Белките се матат со миксер додека не се стегнат, постепено се додава шеќерот и се продолжува уште малку со матење. Додадете ги жолчките и измешајте ги полека со лажица за мешање. Додадете ги останатите состојки (јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво) и полека соединете ги со белките. Тестото истурете го во подмачкан и набрашнет плех за печење и врз него ставете ги малините (свежи или замрзнати).

Се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво не порумени. Изладениот колач посипете го со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер и исечете  на коцки.