Ленин: ЈСП ќе направи сè за да го одложи судењето за долгот од милион евра

Одложено е рочиштето од судењето по тужбата од „Слобода превоз“ против ЈСП за долг од милион евра, а причина за тоа е барањето на јавното претпријетие кое вели дека не е завршено вештачењето.

Судот го прифатил барањето на ЈСП, по што следното рочиште го закажа за април.

„Очекувавме вакво нешто. Од ЈСП прават сè за да го одолжат судењето“, кажа директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Јовановски, исто така, посочи дека нема да учествува во преговорите со останатите приватни превозници и градоначалничката Данела Арсовска.