Ленин Јовановски: Арсовска е маќеа на цело Скопје

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, на интервју за „Макфакс“, зборуваше за актуелната состојба со приватните превозници во Град Скопје. 

Тој ја нарече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, „маќеа на цело Скопје“. Потенцираше дека од неа ќе зависи дали во петок приватните превозници со 200 автобуси ќе го блокираат цело Скопје. 

-Ако таа не чувствува одговорност за ова што ќе му се случи на Скопје и дека работите може да ескалираат во уште порадикален правец, а нејзе да ѝ е сеедно, тогаш јас не можам да направам ништо. Ако градоначалничката сака да се однесува уличарски, како нешто да прави во сопствениот двор, а не во градот Скопје, тогаш нека си ја преземе одговорноста за она што ќе се случува понатаму - рече Јовановски во интервјуто за „Макфакс“.

Тој додава и дека на приватните превозници претходно им било ветено дека ситуацијата ќе биде подобра, но долгот се зголемил и ситуацијата ескалирала. 

-Долгот не бил ни приближно толку голем како што е сега. Каде оди дрскоста и лажењето на Арсовска - рече Јовановски.