
Лемурите од скопската Зоолошка градина добија освежителна овошна „торта“ како дел од грижата за нив во периодот на високите летни температури.
Големата овошна композиција со лубеница, банани и сезонско овошје им послужи како разладување и збогатување на исхраната, а веднаш го привлече нивното внимание.
Од Зоолошката градина споделија фото-моменти и видео од животните како уживаат во освежителниот оброк.