Лекови и храна што не смеете да ги комбинирате

Кога се работи за примање терапија, најчесто се трудиме да внимаваме да ја земаме во одреден период, во точно време, но ретко или никогаш не обраќаме внимание што јадеме пред или после земањето на лекот.

Многу луѓе не сфаќаат дека комбинирањето на лековите со одредена храна, исто така игра важна улога во дејството на лекот. Одредени намирници го намалуваат ефектот кој треба да го има лекарството, додека во комбинација со други, можат да имаат посилен ефект и ќе направат повеќе лошо, отколку добро. Еве кои комбинации треба да ги избегнувате.

Грејпфрут

Грејпфрутот се препорачува за снижување на холестеролот, но ако земате апчиња за тоа, тогаш треба да го заобиколите ова овошје. Имено, оваа комбинација го засилува ефектот, носејќи го до опасно ниво.

Грејпфрутот не се препорачува со уште многу други лекови, вклучувајќи ги тие за алергија, депресија, висок крвен притисок и некои срцеви заболувања. Ова овошје е специфично, бидејќи некои негови состојки се разградуваат преку црнодробниот ензим кој не може истовремено да „работи“ и на лековите, а со тоа лекот на некој начин станува отров во организмот, бидејќи го има премногу.

Млеко и млечни производи

Една од најраширените погрешни комбинации е млеко со антибиотици, причинувајќи побавна апсорпција, а последица на тоа е послабиот терапевтски ефект. Одредени видови на сирење. како пармезан и чедар, го забавуваат делувањето на антидепресивите, а ист ефект има и делувањето на бакалар, феферони и пилешки џигер.

Банана, домати, компир

Овие намирници содржат висок процент на калиум и никако не смеат да се користат во комбинација со диуретици.