Лекции за љубовта кои секоја мајка треба да ѝ ги пренесе на својата ќерка

Најдобро се учи од сопствените искустви, но некои лекции можат и треба да им бидат пренесени на ќерките, особено од нивните мајки. Мајките имаат повеќе искуство и мудрост и тоа треба да им го пренесат на своите ќерки за тие да бидат среќни, задоволни и сигурни во себе.

Ти си супер таква каква што си

Ако постои една порака која ќерките треба да ја чујат од своите мајки, тоа е оваа порака. Така таа ќе знае дека не мора да се менува за никого за да биде сакана. Научете ги дека оној кој ги убедува во спротивното не е вистинската личност за нив и дека не може да види колку вредат и дека не заслужува да биде дел од нивниот живот. 

Почитта мора да биде обострана

Тоа не важи само за романтичниот живот, туку и за љубовта кон семејството и пријателите. Мора да ја давате почитта која ја барате.

Никогаш не дозволувај да се изгубиш во врската

Понекогаш, кога човек се заљубува лудо, се случува да заборава на себе. Сопствените несигурности или врската не смеат никого да спречат да живее живот каков што посакува. Затоа научете ја ќерката секогаш да ги негува своите интереси, пријатели и време само за себе. 

Започни и остани во врска од вистински причини

Љубовта значи приврзаност, несебичност и великодушност – лекција која мајките треба да им ја пренесат на своите ќерки. Ако ги нема тие работи во врската, не ни треба да биде во неа. Осаменоста, повторното преживување на минатото, притисоците и заедничките пријатели не се причина да се остане во врска. 

И скршеното срце со себе носи вредна лекција од која може да се научи нешто

Советот и утехата од мајката се најпотребни кога ни е скршено срцето. Објаснете ѝ дека во ред е да чувствува болка, но дека раскинувањето може да биде лекција. Кога ќе изгуби љубов, жената може да научи многу за самата себеси.