Лекции за љубовта кои ги учиме во 20-тите

Во текот на 20-тите години од нашиот живот учиме по нешто за љубовта и откриваме како многу важни нешта за љубовта.

Ова се најважните лекции кои ги учиме.

Спротивностите се привлекуваат, освен ако немате ништо заедничко

Приказната за спротивностите е интересна, всушност нам не привлекуваат личности со кои имаме барем нешто заедничко. Начинот на којшто сме пораснале, можеби слични интереси или конфликти од детството, некоја културна рамка, сличен вкус, сензибилитет и сл. Колку и да изгледа дека сте различни еден од друг, сепак на некое ниво некакви сличности ве спојуваат. Бидејќи ако тие не постојат, односот не може да стане врска, ниту пак да се одржи.  Во текот на овие години, веќе имаш искуство со различни типови на личности и веќе сфаќаш какви квалитети треба да има личноста за да ти одговара.

Не треба да ги занемариме малите знаци на предупредување

Сите работи кои ве чудат и ви делуваат сомнително и неприфатливо, треба да ги разгледате и преиспитате. Тој или таа нема да се променат на подобро, тоа се само заблудите кои најчесто ги имаме кога имаме 20 години. Тоа е така бидејќи немаме искуство, а и љубовта не полни со енергија и подготвени сме да се прилагодуваме и да правиме компромиси. Не можеме никого да промениме, а тоа што можеме само е да ги забележиме знаците и да видиме што ни одговара и што не ни одговара.

Претераното анализирање само ќе ве измачи

Современите врски во голем дел се одвиваат виртуелно, разменувањето пораки е стандарден дел од секоја врска и најчест облик на комуникација. Се расправате преку пораки, ги објаснувате своите ставови, изјавувате љубов. Но, со пораките можете само погрешно да се разберете. Тие се ограничувачки и секогаш прават драма дури и од најмалиот конфликт. Ако премногу ги анализирате пораките, само ќе изгубите нерви и енергија, што е емотивно промашена инвестиција. Во секој случај, со созревањето учиме дека разговорите во четири очи помагаат за решавање на проблемите и постигнување компромис.

Ако тие се однесуваат лошо кон другите луѓе, сигурно ќе се однесуваат лошо и кон вас

Кога некој има лош карактер, арогантен е и ги осудува другите, немојте да мислите дека тој со сите други ќе се однесува така освен со вас. Со текот на годините ја учиме оваа лекција и сфаќаме дека ваквите луѓе никогаш нема да се однесуваат добро кон нас. Иако можеби на почетокот се трпеливи, нежни и внимателни, сепак со тек на време тие го покажуваат своето вистинско лице и ова е една од најболните лекции кои ги учиме.