Лекарската комора незадоволна од покачувањето на платите во јавното здравство - бара 15% зголемување

Лекарската комора незадоволна од покачувањето на платите во јавното здравство за само 5 проценти. Извршниот одбор на комората реагираше бидејќи со синдикатите договориле до крајот на годината зголемувањето на платите да биде 15 отсто.

- Имајќи го предвид ваквото непочитување на договореното околу зголемувањето на платите во здравството кое во разговорите беше определено на околу 15 отсто за 2018 година, Извршниот одбор смета дека синдикатите и нивните органи и тела во најкус можен рок треба да вложат напори и да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите, а во спротивно тие треба да поднесат морална одговорност, се вели во соопштението од ИО на ЛК.

Премиерот Заев најави повеќе пари за вработените во јавното здравство, но од идната година.

Инаку според договорот кој во вторникот беше потпишан во Владата здравствените работници во октомври ќе имаат за 5 проценти поголема плата, но со ова зголемување не важи за матичните лекари. Од комората бараат со корекција и тие да бидат опфатени.