Лекарите со препораки: Не претерувајте со храната за време на празниците

За празниците Нова година и Божиќ, лекарите советуваат граѓаните да внимаваат на храната и да не претеруваат со мрсни и солени јадења.

-Зелката со која се прави сарма е солена, салати, маслинки, мајонези. Новогодишната трпеза е масна, солена и обилна. Би им советувала на пациентите без регулиран притисок да не си легнуваат навечер. Ако имаат потреба да побараат помош и да внимаваат што јадат инаку ќе им се одрази на здравјето. Препорачливо е почесто да си мерат притисок – велат лекарите.

Што јадат и што пијат најмногу треба да внимаваат срцевоболните и луѓето со висок крвен притисок.