Лекарите со апел: Поместувањето на стрелките на часовникот влијае врз здравјето на луѓето

Поместувањето на стрелките на часовникот при летното сметање на времето со себе обично носи и ненаспаност и замор.

Ви претставуваме уште некои проблеми кои можете да ги забележите во наредниот период:

Студенило

Кога на вашето тело му е потребно сон, тоа природно се подготвува за одмор – значи, се лади. Ако забележите дека ви се тресат забите, без некоја очигледна причина, веројатно ви треба сон.

Многу слаба концентрација

Податоците покажуваат дека бројот на сообраќајни несреќи се зголемува во неделите по преминувањето на летното сметање на времето. Секогаш добро да се разбудите пред да седнете зад волан.

Ментално здравје

Недостигот на сон се поврзува со депресија. Студиите покажуваат дека попоместувањето на часовникот се зголемува дури и бројот на самоубиства, бидејќи овие промени можат да го нарушат биолошкиот часовник и да ги влошат симптомите на менталните здравствени пробелми.

Постојат неколку начини брзо да се вратите во нормалниот ритам на спиење:

Немојте да надополнувате

Без оглед на тоа што можеби подолго време ви се останува во кревет, обидете се да станете во исто време, како и пред менувањето на чосовникот, затоа што така може да го задржите ритамот.

Движете се

Свежиот воздух и природната светлина се природен начин да се разбудите. Ќе ви бидат корисни и утринските шетања.

Нема потреба да легнувате порано ако не ви се спие

Ако одите во кревет иако знаете дека нема да заспиете, само ќе бидете уште понервозни. Останете будни уште некое време читајте книга или слушајте некоја убава музика.

Без електроника

Можеби ќе паднете во искушение да „сурфате“ по интернет пред спиење, но научно докажано е дека светлоста од екранот го нарушува природниот сон. Што побрзо усвојте поздрави навики, кога станува збро за подготвки за спиење.

Намалете го внесувањето кофеин 

Експертите велат дека последното кафе во текот на денот можете да го пиете најмалку шест часа пред спиење, затоа што може да ви се наруши спиењето.