Лекарите и наставничките апелираат - да не се водат болни деца во градинка

Родителите се секогаш во дилема кога треба да појдат на работа, а не знаат што е најпаметно за нивните деца. Дали тоа да бидат баба и дедо или пак градинка.

Мислењата се секогаш поделени, па тука не постои правилен или погрешен чекор, тука само избор и желба на самите родители.

Кога детето е дома со баба и дедо, секако дека ќе ја добие потребната нега на највисоко ниво. Ќе биде најадено и секогаш на топло. Ќе биде само со нив.

Кога е во градинка, постојано ќе биде опкружено со многу деца, врсници, каде постојано ќе може да учи, да се доградува, да се социјализира, да се натпреварува.

Но, постојано слушаме една иста реченица, која е поврзана со градинките: "И моето дете само што отиде во градината, и веднаш е болено! " или пак, “Како тргна во градинка постојано сме по доктори, порано никогаш моето дете не беше болно”. Ова се само дел од оние реченици кои ги кажуваат родителите, но каде има вистина.

Точно е дека таму речиси 40 души, деца, наставнички. Сите се во една просторија. И, се разбира, дека можноста некои од нив  да бидат носители на некоја инфекција е многу висока. Па така, вашето, или пак било кое дете не може да побегне.

Лекарите единствено нешто што апелираат е зајакнување на имунитетот на детето пред тргнување во градинка. Па така, тоа ќе биде повеќе отпорно на болести и вируси.

Тие како втор извор за имунитет ја наведуваат и вакцинацијата., и покрај тоа што денеска дел од родителите ја сметаат за негативна.