Лекарите апелираат за внимателност со строгите диети – сакајќи да изгледаат добро, луѓето го нарушуваат своето здравје

Внимателно со храната. Прејадувањето го зголемува ризикот од срцев удар и може да предизвика сериозни здравствени проблеми, тврдат експертите за исхрана.

-Во периодот два часа веднаш по прејадувањето се зголемува и тоа двојно ризикот од срцев удар, значи едно прејадување и не е така наивна работа. Треба да се внимава бидејќи прејадувањето може да биде животозагрозувачки проблем, велат стручните лица.

Од друга страна и диетите по прејадувањето се штетни и неефективни на долг рок велат тие.

Пресметано е дека 8 од 10 луѓе кои држеле диети во рок од една година се вратиле на првобитната тежина, а во рок од пет години дополнително се здебелиле како се вели народски. На долг рок значи џабе се губи енергија сила и џабе се трошат пари.

Лекарите се категорични дека диетите се и голем стрес за организмот и ја уништуваат самодовербата, а телото ги препознава како гладување.

-Во ваква ситуација телото одговара на три начини: Го забавува метаболизмот, ја зголемува гладта и лачи хормонби на стрес, со тоа директно се предизвикува здравствена штета и зголемен е ризикот од развој на дијабет и покачен крвен притисок.

За да се намалат килограмите експертите советуваат трајно да се промени исхраната и често да се практикува физичка активност.

-Накратко тоа според мене би гласело: Храната треба да биде доминантно од растително потекло, не премногу обработена со минимум храна од животиснко потекло и секојдневно пешачење.

Тие велат дека и со разните таблети и чаеви за слабеење повеќе може да му се наштети на организмот, отколку да се добие посакуваната линија.