Лекарите апелираат, за редовно пешачење и за максимално искористување на сончевото време

Метеролозите во периодот што следи, најавуваат сончеви и вистински пролетни денови. После ова, се огласија и лекарите кои апелираат за редовно пешачење и било каква друга активност.

Лекарите советуваат дека треба постојано да шетаме. Тие што многу седат во текот на денот, ризикуваат со тоа да немаат добро здравје. Се што треба да направите е тоа да излезете надвор и да шетате. Можете и двапати по 20 минути. Вашето срце ќе биде поздраво, нема да имате отечени нозе, а и ќе бидете порасположени. Кога се на се ќе се собере, вашиот живот ќе добие на квалитет. Значи, спасот е во едноставниот трик – во шетањето! И не заборавајте дека со кучето шетањето ќе ви биде многу поефикасно.