Лекари во Скопје породиле здраво бебе и извадиле тумор од осум килограми

Лекари во првата приватна општа болница „Ре-медика“ породиле здраво женско бебе и извадиле тумот тежок осум килограми, објави „Нова Македонија“.

Лекарски тим, на чело со гинекологот, д-р Зоран Јовановски, освен што направиле успешен царски рез го извадиле и туморот на јајчникот, кој пораснал дури до триесетина сантиметри и тежел повеќе од осум килограми. Испитувањето покажало дека туморот е бениген.
Ова е еден многу редок случај, кога во исто време се оперира и за да се породи жената и се вади толку голема циста.

Пациентката била породена во 37-та недела од бременоста со царски рез. Малата Софија е родена со тежина од 2.350 грама, а долга 48 сантиметри.