Лекари од странство на диво работат во Македонија

Со години наназад Македонија се соочува со странски лекари кои работат без дозвола, велат од државниот и санитарен инспекторат.

Контролата на итни случаи во здравствени установи е во тек, а тоа би требало да покаже колку странски леакри во земјава има и колку од нив се пријавени согласно прописите.

Инспекторатот има информации дека доктори на диво работат во Скопје, но и во поголемите градови како што се Тетово и Битола.

На овој проблем е укажано кога двајца странски лекари биле затекнати без лиценци дека работат во Катлановски бањи а јавноста шпекулира дека во повеќе приватни болници детските операции ги извршуваат лекари кои немаат соодветна дозола за детска каридохирургија.

Санитарната и здравствена инспекција на Лекарската комора побарала листа од докторите - странци кои имаат привремени дозволи за работа во земјата, пренесе Слободен печат.

 Ирина Бухова, директор на Здравствениот и санитарен инспекторат рекла дека ќе инсистира да се почитува  регулативата за работа на лекари странци и од јавните и од приватните болници.