Лекар, професор, инженер: “Кога ќе пораснам ќе бидам..." – oна јас што го сакам, или она што го сакаат мама и тато

-Уште додека бев дете, сакав еден ден да бидам учителка. Се замислував на местото на мојата учителка до четврто одделение. И како одеа годините напред желбата не престануваше. Се запишав во средно гимназија. Дојде и времето за запишување на факултет. И тогаш дома беше борба. Јас сакам да бидам учителка, татко ми сака да станам градежен инженер...

Кога ќе пораснам ќе бидам учител, лекар, професор, инженер, шофер на камион... Децата имаат желби уште од најмала возраст. Некои одат кон тоа да си ги исполнат желбите, некои одат во сосема друг правец.

-Јас како дете имав разни желби, и до последен момент не знаев што ќе запишам за да учам. Во консултација со најблиските, се одлучив за информатика. Мајка ми, сакаше да бидам правник, татко ми сакаше да запишам машински факултет. Но, сепак јас се одлулив за информатика.

-Го следев сонот. Иако моите велеа да учам за лекар, јас запишав да учам англиски јазик. Мислам дека лесно ќе најдам работа. Еве сега сум трета година и веќе наоѓам нешто да работам сино, хонорано.

-Борба е секој ден дома. Татко ми е адвокат, имаме адвокатска канцеларија. Тој сака и јас да бидам адвокат, но мене воопшто не ме влече таа професија. Не можам да се замислам како него во иднина. Се гледам сосема на друго место. Се гледам себе си, како градежен инженер.