Лекар од Клиниката за токсикологија синоќа прободен со нож

Вчера попладнево од непознати лица е нападнат и прободен со остар предмет, најверојатно нож, во пределот на стомакот дежурниот доктор на Клиниката за токсикологија.

Докторот е веднаш пренесен во Ургентниот хируршки центар каде му била санирана повредата. Извори од Ургентиниот центар ја потврдуваат веста и информираат дека се работи за убодна рана во стомакот нанесена со остар предмет . За среќа повредата не е сериозна и докторот не е во животна опасност.

Лекарот Н.З. од Клиниката за токсикологија вчера бил прободен со нож пред влезот на Клинички, во моментот кога требало да му започне смената, потврди за „Фокус“, директорот на клиниката Нико Беќаровски.