ЛЕК ЗА СЕ: Мед и цимет

Вкусната комбинација на мед и цимет, со векови наназад се смета за навистина лековита и благотворна. Всушност, античките народи верувале дека е еликсир на здравјето и младоста. За овој магичен микс и научно е докажано дека има регенеративно дејство на целиот организам, воедно зајакнувајќи ја неговата отпорност кон разни болести.

Зајакнување на имунитетот

Веќе познато е дека медот нè штити од бактерии и вируси, но заедно со циметот, дејството е уште посилно. Во самиот мед докажано е дека има значајна содржина на витамини и железо, па така, константната употреба помага во создавањето бели крвни зрнца и со тоа во борбата против вирусите и бактериите.

Регулирање на проблемите со варењето

Доколку се соочувате со вакви проблеми, потребно е пред оброкот да земете две лажици мед со цимет. На тој начин му помагате на организмот при варењето и на најтешките оброци.

Намалување на холестеролот

Овој рецепт е добро познат дека помага во борбата против лошиот холестерол. Потребни ви се 4 децилитри чај во којшто, откако ќе се излади, ќе ставите 3 мали лажички цимет и 2 супени лажици мед и добро ќе измешате. Вака подготвената течност се пие три пати на ден. Резултатите се неверојатни.

Рак на желудник и коски

За луѓето кои се борат со рак на желудник и коски, постои комбинација која им помага полесно да ја добијат битката со болеста. Потребно е да се зема 1 супена лажица мед со 1 мала лажица цимет три пати на ден во текот на еден месец.

Листата продолжува на следната страна....

 

Воспаление на зглобовите (артиритис)

За ова воспаление постојат два начини на кои можат да се користат медот и цимет. Прво, за директно третирање на болните места, треба да се измеша 1 супена лажица мед, со 2 супени лажици млака вода, на што ќе се додаде 1 малечка лажица цимет. Се прави паста која што се нанесува на болните места. Како напивка против артритисот се користи комбинацијата од 1 шолја жешка вода, со 2 супени лажици мед и една малечка цимет. Се пие два пати на ден, наутро и навечер пред спиење. Бидете упорни, затоа што не еднаш е докажано дека ваквата напивка навистина им помага на пациентите болни од артритис.

Против опаѓање на косата

Долго време се борите со опаѓањето на косата, но ниту еден шампон или третман не ви помогна? Можеби треба да се свртите кон природните начини на разубавување. Во врело маслиново масло се додава 1 супена лажица мед и 1 малечка лажица цимет. Количината на маслото варира на тој начин што крајниот резултат треба да биде густа паста. Оваа комбинација нанесете ја на коренот на косата со масирање и оставете ја да делува 15 минути. Користете ја редовно и воодушевувајте се на вашата цврста и здрава коса.

Против акни и мозолчиња

Се мешаат 3 супени лажици мед и 1 лажичка цимет за да се добие паста која се нанесува на акните и мозолчињата секоја вечер пред спиење. Резултатите се видливи по само две недели редовно користење.

Намалување на килограмите

Доста познато е дека оваа магична комбинација помага и при слабеење, на тој начин што не дозволува мастите да се таложат врз организмот додека истовремено го чисти од токсини. Потребно е да сварите 1 шолја вода со пола лажичка цимет. Кога течноста ќе се излади, отприлика после половина час, додадете 1 супена лажица мед. Половина од течноста се пие пред спиење, а остатокот наутро, половина час пред појадокот.