Лек за неспособноста на Данела Арсовска се предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Лек за неспособноста на Данела Арсовска се единствено предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а потоа ќе формира Влада. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе може сериозно да помогне за реализација на голем број проекти за Скопје, порчаа денеска од партијата преку соопштение. 

-Наспроти тоа СДС нема концепт, ниту знае како да работи и направи проекти. СДС ги бара ингеренциите за нивни фирми да ги земат парите. И сите проекти кои ќе ги земе владата на СДС ќе завршат како автопатот Кичево – Охрид или Клиничката болница во Штип. 6 години не можат да завршат еден проект, а за почеток на нов воопшто не станува збор. СДС мислат на стагнација, ВМРО-ДПМНЕ на развој. Погрешните политики на СДС мора да бидат поразени. Народот очекува проекти и работа, наведуваат во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.