Легендарниот цртан со кој пораснавме се враќа: По 52 години премиерно прикажана нова епизода од „Професорот Балтазар“

Нова епизода од легендарниот цртан „Професорот Балтазар“ премиерно беше прикажана викендов во Загреб. Серијата го носи насловот „Августовска трета среќа“. Новата епозида е снимена по 52 години од првата оргинална епизода.

На новиот седумминутен анимиран филм работеа Борис Колар, еден од оргиналните автори на „стариот“ Балтазар, сценаристот Дино Крпан, главниот аниматор Синиша Матаиќ, композиторот Вјеран Шаламон и Крешимир Миќиќ како наратор.

Позади продолжетокот на професорот Балтазар стои продуцентската куќа Ултра Линк, а филмот е кофинансиран со средства од Хрватскиот аудивизуелен центар.

Серијалот за Балтазар е снимана од 1967 до 1978 година со вкупно 59 епизоди, поделен во четири сезони.  Цртанот говори за симпатичниот професор Балтазар кој ги решава проблемите на своите сограѓани.  Уживаше голема популарност помеѓу граѓаните на Македонија и останатите држави во поранешна Југославија.